Денеска жителите на општина Берово, имаа можност да гласаат и да ги истакнат приоритетните програми, но и проекти, кои би требало општината да ги реализира.
Според присутните граѓани, најприоритени за реализација, се Програмите за развој на спорт и спортско рекреативни активности, Програма за поттикнување на развојот на туризмот, Програма за активностите на Општина Берово во областа на културата и Програма за изработка на урбанистички планови, додека помалку приоритени се Програма за уредување на градежно земјиште и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести.
Присутните граѓани, ги рангираа предложените проекти по приоритет:
На вкупно трите форумски сесии, присутните, преку своето учество, имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година.
Воедно, присутните можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, да бидат ставени во програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот на општината за 2023 година. Се разбира дека дел од проектите, ќе бидат веднаш ставени за реализација, а дел ќе се сметаат како приоритети во изработката на техничка проектна документација и ќе бидат реализирани во следната година.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, беше од големо значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните.
На третата форумска сесија, исто така беа проследени и предлозите, кои беа истакнати како приоритети преку социјалните мрежи на општина Берово и на градоначалникот:
Им благодариме на сите жители, на Општина Берово, кој беа дел од форумскиот процес.