Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го доведе во свите редови нашиот беровски кошаркарски ас, 21-годишниот Оливер Двојаковски, кој по седум минати сезони во Шпанија се враќа во Македонија. На претставувањето Двојаковски беше пресреќен што добива шанса во еден од нашите најамбициозни клубови.
„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе во клубот за професионалноста и за шансата која ми ја пружија. Ми беше презентиран проектот и тој многу ми се допадна, па без размислување ја прифатив понудата“, изјави Двојаковски.
Младинскиот репрезентативец, пред да дојде во Охрид, во Шпанија ги бранеше боите на Севиља, Аликанте и Ла Коруња.
Да му посакаме успех и среќа на Двојаковски.