Утрово со бајрамската молитва на исламските верници во Македонија и во светот, започна да се празнува големиот исламски празник Рамазан Бајрам.По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денес во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.
Годинешниот Рамазан Бајрам, беше одбележан и во џамијата “Мехмет Бег ” во Берово, од каде членовите упатија честитки со желба за толеранција, хуманост и вистински вредности за најголемиот муслимански празник на сите верници.
Имамот на џамијата ” Мехмет Бег” во Берово, упати бајрамска честитка поповод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Рамазан Бајрам Мубарек Олсун.
“Аллах да ни го кабули постот и довите. ИншАллах. Џенаби Хак да ни овозможи уште многу спокојни бајрами. На вашите семејства.радост, здравје, на вашите домови бериќет, со саканите заедно уште многу бајрами со љубов да дочекате.
Аллах (џџ) уште многу бајрами насип со саканите да ни овозможи.
Воедно преку оваа бајрамска честитка користам прилика, на сите наши сограѓани од православна вероисповест да им посакам секое добро”.
Бидете ми еманет на Аллах ! Со љубов.. со дова – стои во честитката на имамот Тахир Дестанов.
Во месецот Рамазан верниците подготвуваат богата трпеза, баклавата се подготвува ден претходно, а денеска на Бајрам домаќинките подготвуваат разни богати јадења.
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.
Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.