МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ ПРАЗНИК НА ДОБРИНАТА, МИЛОСТА И ЉУБОВТА

МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ ПРАЗНИК НА ДОБРИНАТА, МИЛОСТА И ЉУБОВТА
април 21 11:53 2023

Муслиманите ширум светот денеска го слават својот најголем верски празник – Рамазан Бајрам, со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во џамииите се служи утринска Рамазан-Бајрамска молитва.

Со утринска молитва, празникот Рамазан Бајрам се одбележа и во „Бејтул Ахад“ исламскиот центар на Ахмадија муслиманската зедница во Пехчево.

-Еден дел од значењето на Рамзан Бајрам, е тоа што после месец дена пост муслиманите го слават најголемиот празник денешниот празник. Пред тоа беше божје задоволство да да не јадеме и пиеме, но денес е божје задоволсто да јадеме и пиеме што значи дека ако денес некој пости тој е шејтан или непослушен и тоа покажува дека човекот треба да ја следи божјата наредба и тоа е клучот за муслиманите. Другиот дел е тоа што Рамазан значи радост и таа радост не значи дека сме радосни затоа што јадеме и пиеме, туку радоста е ако Аллах биде задоволен со еден верник и ние тоа се обидовме во текот на месецот Рамазан. Сега ние не треба да се препуштиме само на славењето на нашиот празник и да се одрекнеме од сите добри дела кои што ги правевме претходно, како намаз, зикр, учењето на Чесниот Куран. После Рамазан ние треба да продолжиме со таа пракса до следниот Рамазан дури и до крајот на нашиот живот. Аллах нема крај и затое нема никогаш да биде крај за молитви па еден верник е вистински верни кој го сфати ова нешто, и продолжи да го обожава Аллах и тогаш на нему секој ден му е Рамазан Бајрам и радост – истакна Васим Ахмад имам на Ахмадија муслиманката заедница на Македонија.

Верниците од исламска вероисповед овој празник го слават три дена со период на посети, семејни собири и масовни дневни гозби. Тие утрово упатија честитки и си посакаа здравје, љубов и благосостојба во нивните семејста, како и мир, толеранција, хуманизам и солидарност помеѓу сите луѓе.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Во месецот Рамазан верниците подготвуваат богата трпеза, баклавата се подготвува ден претходно, а денеска на Бајрам домаќинките подготвуваат разни богати јадења. Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Во продолжение видео од денешното утринско одбележување на празникот Рамазан Бајрам во „Бејтул Ахад“ исламскиот центар на Ахмадија муслиманската зедница во Пехчево:

  Категории: