МУЗИЧАРИТЕ РОМИ ОД БЕРОВО НА РАБОТ НА ЕГЗИСТЕНЦИЈА.

МУЗИЧАРИТЕ РОМИ ОД БЕРОВО НА РАБОТ НА ЕГЗИСТЕНЦИЈА.
декември 10 18:59 2020

Едни од оние кои сигурно најмногу се погодени од пандемијата со корона вирусот се музичарите кои и тоа како останаа без финансии и заработка.

Берово важи за град на големи талентирани музички имиња, познати во светот.Луѓето кои живеат овде се познати по големите веселби и музичкиот слух кои го поседуваат.Многу луѓе посебно беровските Роми, живеат токму од тоа, но Корона вирусот највеќе удри и по нив, како што велат ситуацијата е неповолна, бидејќи сите концерти, настапи и веселби се откажани веќе подолг период, а нивната егзистенција е доведена во прашање.

Едни од најпогодените во градот се членовите на реномираниот блех оркестар „Уска Кан“ кој важи за еден од најдобрите оркестри во светот и покрај многуте први награди освоени на фестивалите во Гуча,Австралија и многу други, останаа без работа и основни средства за преживување.Велат никој до сега не се сетил на нив да помогне, а штетите кои ги трпат се огромни.

Бурниот живот со настапите низ целиот свет со многу познати имиња, на Демир Кантуровски кој исто така е член на фамилиарниот оркестар Кантурови, е сведен на минимум.Тој е студент на ФМУ.За неговата популарност сведочат големиот број награди и први места на многу реномирани фестивали, што не можеше да се соберат на една маса.Тој е исто така најдобриот светски трубач. Бевме во неговиот дом, каде го затекнамвме во студиото како работи на новиот албум кој најскоро треба да излезе.

Овие музички креативци се надеваат дека државата ќе им излезе во пресрет и дека ситуација веќе од следната година би се вратила во нормала за да можат да продолжат со она што највеќе го знаат а тоа е музиката.Како музички амбасадори на Берово и Македонија навистина им е потребна барем малку поддржка од локалната и централната власт, бидејќи тоа и го заслужуваат.

Тие порачаа дека не бараат печалба среде кризата, туку основна егизистенција. Инаку од пандемијата со коронавирсот загрозени се над 20.000 музички работници во државата.

  Категории: