Во овие времиња на седење дома,имаме повеќе време да се занимаваме со било што.Еве екипата на Малеш Нет ви го претставува најновиот сингл на виртуозот на зурла Џељо Дестановски, кој потекнува токму од Малешевијата и дава голема енергија во снимање на малешевски ора и стари песни промовирајќи ги низ целиот свет.Навистина вреди да се слушне.
Еве ја и пораката на нашиот уметник: Драги мои ви го објавувам следното видео од моето ново оро, кое е старо малешевско и е направен поинаков аранжман кој се надевам ќе ви се допадне. Поради моменталната ситуација, неможевме да направиме професионало видео, но се потрудивме со нашите мобилни телефони од дома да составиме едно убаво видео. Им благодарам на моите колеги кои секогаш се расположени да соработуваат со мене, од срце ви благодарам браќа мои.