Младите од пехчевското село Црник започнаа иницијатива за обнова на кровот на тамошната џамија. Како што истакна Ерол Пилов жител на селото, џамијата е во многу лоша состојба, но приоритет ќе бида најпрвин да се поправи покривот на објектот.
-Моментално џамијата е во многу лоша состојба, почна на подот да тече вода, ѕидовите се пред распаѓање, внатре во џамијата е потребно повторно малтерисување и подот исто така е уништен. Сепак најпрвин треба да се направи кровот, заради што бараме помош од селаните, од хумани граѓани и луѓе кои сте во странство, бидејки под итно е потребно да се направи нов покрив на нашата Џамија, за да не дојде до поголеми проблеми и рушевини, вели Пилов.
Вели дека има најава за помош од одредени фирми, а помош за решавање на проблемот како што додава ќе побараат и од Општина Пехчево.
-Овде живееме сите сплотени Турци, Роми и Македонци и верувам дека цело село ќе смогне сили за реновирање на џамијата. Имаме еден поголем спонзор кој рече дека ќе ни помогне, на нашата иницијагтива на социјалните мрежи се јавија и други луѓе. Во следните денови ќе биде објавена и сметка на која ќе може да се донира, а официјално барање за помош ќе упатиме и до Општина Пехчево, додаде Пилов.
Пилов очекува во периодот кој следи поактивно да се пристапи кон решавање на проблемот со кровот, со што ќе се спречи понатамошно уништување на Џамијата, која е единственото каде населението од муслиманска вероисповест може да ги врши верските обреди.
Џамијата како што напомена Пилов на иницијатива на Јахја Оџов почнала да се гради во 1999-2000 година, кога добива дозвола и на местото каде отсекогаш имало џамија, ја руши старата џамија и почнува од темел новата џамија.
-Јахја Оџов направи многу за нашето село, и го среди внатрешниот дел на џамијата, надворешниот дел, стигна до кровот, кровот како што може да видите е до половина изграден , но моментално е во многу лоша состојба, додаде Пилов.
Еве го и комплетното барање на младите од Црник за реновирање на кровот на Џамијата:
Ве Известуваме
Почитувани наши селани, граѓани, луѓе кои сте во странство ве известуваме дека нашата џамија во село Црник нема покрив,значи во Џамијата почна да тече и пропушта вода на подот. Значи под итно е потребно да се направи нов покрив на нашата Џамија,за да не дојде до поголеми проблеми и рушевини. Ги замолуваме сите наши верници, сите хумани луѓе кои се во можност да донираат финансиска помош со која би се направил еден нов покрив на нашата Џамија. Помош ќе биде побарана и Општина Пехчево и од други фирми.
Иницијативата е на сите млади од селото.
Број за контакт:Тајфун Нехтепаров-078437190Ерол Пилов-07560780