Многу Малешевци низ светот со своите успеси во многу држави се на пиедесталот како лидери на многу бизниси и компании, кои несомнено ги издигнуваат со својата професионалност.
Еден од нив е и нашиот малешевец Марин Демировски, кој деновиве ја доби престижната награда за предприемач за 2024 година во Бугарија, во рамки на проектот “Мажи на врвот“ на најпрестижниот бизнис медиум Forbes Бугарија.
Инаку Марин кој живее и работи во соседна Бугарија, е директор на Номад Партнерс која е водечка компанија во областа на регрутирање кадар од трети земји во Бугариja, со над 8 години искуство во поддршка на компании и организации од различни индустрии.
Нивното присуство е застапено со канцеларии во Бугарија, Централна Азија, Индија и Египет, а нашиот тим се состои од меѓународни професионалци, вклучувајќи и експерти од Македонија, кои одлично ги разбираат културните и професионалните специфики на различните националности.
Поради своите успеси и лидерство, г-дин Демировски беше вклучен во престижната категорија „Мажи на врвот“ на најпрестижниот бизнис медиум Forbes Бугарија, во кој се отличени најуспешните предприемачи за 2024 година во Бугарија.
Покрај г-дин Демировски во проектот „Мажи на врвот“ се најдоа исполнителниот директор на најголемата национална телевизија БТБ Медиа Груп, г-дин Ралф Бартолајт, генералниот директор на Филип Морис Бугарија, г-дин Денис Стробикин, сопственикот на најголемиот фитнес ланец „Pulse“ и хотелскиот ланец „Grand Hotels Resorts“ г-дин Паскал Дојчев, серискиот предприемач г-дин Петар Делев, сопственик на спордската марка Флеар, сопственикот на најголемиот ланец на аптеки Васил Маџаров и уште неколку истакнати предприемачи од ИТ индустријата, здравството, енергетиката и др.
Инаку компанијата Номад Партнерс во Бугарија обслужува повеќе од 500 компании, помеѓу кои најголемите компании како супермаркетите „Лидл“,„Фантастик“, “Кауфланд“, ресторанскиот ланец „Хепи“, транспортната компанија „Дискордија“, телекомуникацискиот оператор „А1“, рудници, најголемите хотели, ресторани, производствени капацитети во речиси сите области, градежни компании.
Само компанијата Номад Партнерс во Бугарија, постигнува фантастични финансиски резултати со околу милион и половина евра годишна заработка, а во неговото портфолио се вклучени уште неколку бизниси во странство.
Во моментот г-дин Демировски го проширува бизнисот со изградба на сместувачки капацитети за работници во Софија во вредност од 2,5 милиони евра.
Упатуваме честитки до почитуваниот Марин и му посакуваме уште поголеми успеси во иднина на него и неговата компанија Номад Партнерс.
Во статијата подолу е опишана дејноста на компанијата, што може да ја прочитате овде:
Да осигуриш достъп на бизнеса до най-добрите кадри
Во продолжение кратко интервју со Марин Демировски, објавен во бизнис медиумот Форбс Бугарија.
Со какви компании соработувате?
Со текот на годините изградивме широка база на клиенти која опфаќа глобални корпорации од различни индустрии и стотици мали и средни претпријатија. Нашата активност започна во туристичкиот и угостителскиот сектор, каде што работиме со најголемите синџири, обезбедувајќи кадри за сезонска и долгорочна работа.
Нашата работа вклучува избор на кадри и целосна поддршка за издавање работни дозволи. Денес, веќе соработуваме со градежниот сектор, водечки ритeјл компании и бројни претпријатија во енергетиката, рударството, транспортот како и други индустрии.
По што се разликувате од другите HR компании на пазарот?
Имаме неколку клучни предности. Нашиот тим од рекрутери е составен од професионалци од различни националности – имаме вработени од Узбекистан, Киргистан, Индија, Белорусија и Македонија, кои ги познаваат специфичностите на сите националности со кои работиме.
Развивме 7-степен систем за проверка на кандидатите за работа, со цел да го минимизираме ризикот при вработување. Благодарение на нашите канцеларии во Бугарија и стратешките партнерства во клучни региони од светот, ја прошируваме нашата мрежа за да обезбедиме пристап до најдобрите таленти.
Нашата цел е да понудиме локализирани решенија кои ги задоволуваат специфичните потреби на нашите клиенти во Европа.
Која е вашата следна голема цел?
Со оглед на трендот за привлекување сѐ поголем број работници од странство и внатрешноста, компаниите се соочуваат со потешкотии во наоѓање на сместување за своите вработени.
Поради оваа причина, развиваме проект за обезбедување решенија за сместување во пристапни кампуси за работници. Нашата цел е да ја олесниме логистиката на фирмите, обезбедувајќи сместување блиску до работното место. Проектот предвидува изградба на кампови за работници на две локации во Софија со вкупна вредност од 2,5 милиона евра.
Со оваа стратешка инвестиција ќе го затвориме кругот на услуги, нудејќи не само професионална услуга, туку и целосна поддршка во процесот на избор на кадри од странство.