Малеш го победи Чешиново во третолигашкото дерби и се искачи на првата позиција.

Малеш го победи Чешиново во третолигашкото дерби и се искачи на првата позиција.
ноември 15 17:45 2020

Големото дерби во Чешиново по мошне интересна, возбудлива и до крај неизвесна борба на крајот му припадна на тимот на Малеш од Берово. Судијата Здравко Костовски кој го замени болниот Димитар Пилешков имаше полни раце работа, но поради коректноста на играчите сепак натпреварот го приведе кон крајот. Првото полувреме и покрај борбеноста заврши без голов 0:0 Во второто полувреме Малеш прв дојде во водство со голот што го постигна голгетерот Андреј Симевски со што зад себе го запиша деветиот гол во ова првенство. Чешиново израмни на 1:1 а ново водство на Малеш од 1:2 му донесе Ахмет Халитов. Домакините повторно го израмнија резултатот на 2:2 со што ја вратија неизвесноста на овој натпревар. Сепак точка на натпреварот стави Глигорчо Арменски со вистински евро гол со шут од триесетина метри и за ново водство на Малеш од 2:3. Но и тука не беше крајот, во 95 м. судијата Костовски досуди пенал за Чешиново, но голманот на Малеш Никола Илијевски фантастично одбрани и му донесе големи три бода на својот тим. По оваа победа дојде до промена на челната позиција и сега Малеш е прв во комбинација со тимот на Детонит со по 15 бодови. 

РЕЗУЛТАТИ

  1. Чешиново – Малеш 2:3
  2. Хоризонт Т – Овче Поле 1:2
  3. Тиверија – Брегалница Д 2:3
  4. Работник – Карбинци 1:2
  5. Раклиш – Спартмани 2:0
  6. Василево – Детонит 0:5

ТАБЕЛА

  1. Малеш 15
  2. Детонит 15
  3. Чешиново 13
  4. Брегалница 13
  5. Спартмани 10
  6. Хоризонт 9
  7. Овче Поле 9
  8. Раклиш 7
  9. Тиверија 6
  10. Карбинци 4
  11. Работник 4
  12. Василево 0

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk

  Категории: