Беровски фанови на најголемите фудбалски екипи во светот кои се членови на групата под името „Навивачи Зајажџачи„ во сабота вечер го прославија првиот роденден од формирањето на групата на социјалната мрежа Фејсбук.По иницијатива на неколкумина членови, групата која брои 320 членови претежно вљубеници на фудбалот од Малешевијата, како што истакнаа е наменета за забава, дружба, а главната цел е и подбивање помеѓу нив без навреди и лутење, како и информации во врска со историјата и најновите случувања во фудбалскиот свет.Навистина интересно.
Ванчо Димовски еден од иницијаторите на групата, кој навива за англискиот клуб Арсенал истакна дека целта на групата е дружење меѓу сите членови, иако името тешко би го погодиле или прочитале други луѓе надвор од Берово, сепак верува дека ќе продолжи и понатаму функионирањето на спортската група.
Со богата трпеза облечени во дресови од својот омилен клуб кое беше задолжително, навивачите беа почестени во ресторанот Гаго во Берово, со дерби утакмица од италијанската лига помеѓу Инер и Милан, каде радоста на фановите од двата клуба беше наизменична, па на крајот им припадна на црвено црните од Милано.
Славчо пак е страствен навивач на Ливерпул, а важи за еден од најпосакуваните членови за полемики околу неговиот клуб и фудбалот.Како и секогаш и во текот на изјавата се подбиваше со некои од членовите, но сепак за него сето ова претставува другарство и забава.Вели некој некогаш си сваќа на озбилно, но целта на групата не е навреда кон некој, туку подбивање врз основа на фудбалските клубови.
Инаку групата „Навивачи Зајажџачи„ е формиана на 5 Февруари претходната година и е препознатлива насекаде во државата па и надвор,а членуваат Малешевци фанатици на фудбалот кои живеат и работат наиз белосветските метрополи.
Навистина интересн начин на дружење и несекојдневна слика во градот.Нека се множат многу родендени на групата.
Во продолжение погледнете го видеото од настанот: