Катастрофа им се заканува на производителите на сливи. Македонскиот пазар нема капацитет да го откупи годинашниов род на сливи. Само во Делчевскиот крај на откуп веќе врора недела чекаат околу 5.000 т. модра слива:
Поради високите температури, сливите веќе се расипуваат , па во обид да го продадат родот, делчевските овоштари денес го блокираа патот кон Берово:
Во меѓувреме, овоштарите седнале на заедничка маса со претставници од ресорното министерство, на која ги дефинирале деталите околу откупната цена:
Но ова малку значи, ако откупот не почне. Овоштарите даваат рок до четврток по што најавуваат секојдневни блокади на патиштата на Истокот. Истите според нив, не се прашање на политика, туку на егзистенција:
Еден ден претходно, блокади на патот организираа и производителите на модра слива од Радовишко.
Извор: Тв Стар