На 30.07.2021 полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Д.С.(32) од с.Смојмирово, беровско, затоа што физички нападнал полициски службеник, кој вршел службени задачи. По комплетирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Исто така во билтенот од СВР Штип известуваат дека на 29.07.2021 во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 12.10 часот на ул.„Маршал Тито“ во Берово настанал пожар во патничко моторно возило „Сузуки Свифт“, управувано од Т.К.(78) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово.
Извор: Дневен билтен на СВР Штип.