Носителот во изборна единица 3 од политичката партија „Левица“ Борислав Крмов, денес во Берово ја презентираше програмата каде најави поддржка за дрвната индустрија и решавање на проблемот со неконтролираното сечење на Беровските шуми.Проблемот на земјоделците од Малешевијата истакна Крмов, со уцените и грабежот од приватните центри и нискот откуп на производите, ќе бидат заштитени со државни откупни центри со загарантирана откупна цена.
На денешната посета во Берово, во рамките на кампањата за предвремените парламентарни избори, носителот од партијата Левица во ИЕ3, истакна дека Левица е единствената партија која е израсната од млади луѓе,активисти кои се калени преку протести,штрајкови и кревање глас против неправдите во општеството,всушност тоа не се деца на функционери, тоа се децата на транзицијата коишто дојдоа по своето.
Во продолжение погледенете го краткото интевју со Борислав Крмов, носител на Левица во ИЕ3.