На 4-от Меѓународен фестивал ,,Фолклорни патеки” во Брезница, Општина Гоце Делчев во Р. Бугарија со свое учество се претстави Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански” од Пехчево, како и пензионерскиот хор” Малешевска китка”.
-Заедно со пензионерскиот хор ,,Малешевска китка” од Пехчево бевме дел од фолклорните средби, и на истите ни беа доделени Награда за учество, информираше директорката Валентина Веселинска.
На настанот учествуваше и Делегација од општината на чело со градоначалникот Александар Китански.
Во продолжение неколку фотографии од настапот на младите играорци од Пехчево.