Пациент на 69 годишена возраст, е првата жртва на корона вирусот во Берово, откако пред неколку дена бил хоспитализиран во болницата во Штип.Случајот го потврди и министерот Венко Филипче на денешната прес конференција.
Според Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.