Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на Република Македонија бр. 05/2002), согласно Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/20), Согласно потпишаниот Меморандум за соработка во интерес на развој на туризам, образование и наука помеѓу Општина Берово и Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје со бр. 03 – 1775/1 од 04.05.2022 година и ПРАВИЛНИК за доделување стипендии на студенти кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје со бр. 09-2411/1 од 27.06.2022 година, Општина Берово објавува:
КОНКУРСза доделување стипендии на студенти кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје
Со цел развој и унапредување на образовните процеси, мотивирање на студенти за учење и развој, Општина Берово објавува Конкурс за доделување на 15 стипендии за додипломски студии на студенти во академската 2022/2023 година за четиригодишни студии со целосно покриени трошоци за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во областите:
– Економски Факултет;
– Факултет за туризам;
– Меѓународен маркетинг;
– Човечки ресурси;
– Информатика.
Општина Берово за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на ученици кои ќе се запишаат на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и тоа по следните групи:
а) Прва група – 9 стипендии за ученици од социјални категории кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје;
б) Втора група – 6 стипендии за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ќе бидат запишани на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје;
Право на стипендија имаат учениците кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и кои ги исполнуваат следните услови:
Критериуми за доделување на стипендиите се:
а) Прва група – стипендии за студенти од социјални категории
б) Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето
1) Начин и рок на пријавување
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Општина Берово, (ул. „Димитар Влахов“ бр. 10, Берово), од 15.07.2022 до 25.07.2022 година, од 07:30 до 15:30 часот. Потребните документи за доставување се следните:
– За пензионираните членови на семејството – документ за висина на пензија – чек;
– За разведени родители – доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
– За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
– За инвалидитет – наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
– За браќа/сестри на кандидатот кои се ученици/студенти се доставува потврда од училиштето – односно факултетот или друга институција.
Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи кои се однесуваат на нивната категорија на аплицирање, додека кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од втората група ги доставуваат документите кои се потребни за соодветната категорија за аплицирање.
Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде предмет на разгледување.
Прилог 1 – 1. Прилог ПРИЈАВA за стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/23 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје
Прилог 2 – Изјава дека ученикот не е корисник на стипендија
Прилог 3 – Изјава за точност и идентичност на податоци вистинитост податоци
Прилог 4 – .Изјава за обработка и користење на лични податоци
Општина Берово
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ