Сопственикот на аптекарскиот бисер „Зегин“ Благој Механџиски, вчера донираше спортска опрема наменета за членовите на истоимениот пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово.Опремата се состои во нови дресови за сите категории на играчи како и тренерки со кои во иднина нашите пингпонгари ќе настапуваат на првенствата низ државата и пошироко.
Споственикот Механџиски на вчерашниот настан во присуство на бордот на директори на компанијата „Зегин“ истакна дека ова поддршка за младите во областа на спортот ќе продолжи уште повеќе, бидејќи тие се иднината на сите нас.
Тренерот на ППК „Зегин“ изрази задоволство од донираната опрема за дечињата и упати голема благодарност до копанијата „Зегин“ за поддршката која несебично ја дава уште од почетокот на формирањето на пингпонгарскиот клуб во Берово.
Инаку големите успеси за период од две години од постоењето на ППК „Зегин“ и првите и втори места освоени на натпреварувањата на државно ниво, го прави нашиот пингпонгарски клуб еден од најдобрите во државата и единствен клуб кој за толку кратко време постигнал врвни резултати.
Целите на ППК„Зегин“ се излез и натпреварување на меѓународно ниво, каде со помош на компанијата и споственикот Благој Механџиски, се надеваат дека ќе го достигнат и овој предизвик.
Слединиот период како што најавија од клубот, 10 натпреварувачи од градскиот пинонгарски клуб,ќе учествуваат на меѓународен камп во Крупањ, каде ќе има претставници од неколку држави од регионот како што се Храватска,Србија,Босна и Романија.