КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН И ФОДАЦИЈАТА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА ПОДЕЛИЈА НАД 800 ПАКЕТЧИЊА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА И ПИЈАНЕЦ (ФОТО+ВИДЕО)

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН И ФОДАЦИЈАТА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА ПОДЕЛИЈА НАД 800 ПАКЕТЧИЊА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА И ПИЈАНЕЦ  (ФОТО+ВИДЕО)
декември 29 19:51 2024

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, компанијата Зегин и фондацијата д-р Верица Маханџиска, ги израдуваа најмалите дечиња во во Малешевијата и Пијанец, со новогодишна програма каде беа доделени над 800 пакетчиња од страна на Дедо Мраз.

На настанот пред градската аптека Зегин во Берово, присутните имаа можност да проследат новогодишна програма, најмалите да запеат заедно со нивните родители и да уживаат во прекрасниот настан крунисан со заедничка дружба, да се сликаат со Дедо Мраз и да бидат наградени дечињата со прекрасни пакетчиња.

-Радоста е голема кај дечињата како и секоја година со оваа новогодишна акција од фондацијата д-р Верица Механџиска. Ова веќе прераснува во една голема институција и верувам дека во догледно време ќе бидеме први во Македонија со најголема донација во сите области. Секојпат фондацијата д-р Верица Механџиска ќе мисли на граѓаните на Малешевијата и на Пијанецот, затоа што токму оснивачите на Зегин се од овој крај. Сеќно детство им посакувам на дечињата до 5 години бидејќи тие сите знаат да милуваат, додека за останатите над пет години имаме различни награди и ќе се одвиваат други манифсетации наменети за нив. Освен во Берово и селото Русиново, ќе доделиме новогодишни пакетчиња и во Пехчево и Пијанец, со што бројката ќе надмине на 800. Уште еднаш сакам на сите да им ги честитам новогодишните и божиќни празници, весело да си поминат сите како што и доликува на Малешевци и убаво детство на нашите најмили – рече Благој Механџиски.

Детската насмевка беше неизбежна и во селото Русиново, каде исто така од страна на фондацијата д-р Верица Механџиски и компанијата Зегин, со новогодишни пакетчиња беа израдувани најмалите.

Инаку фондацијата д-р Верица Механџиска долги години е препознатлива по големиот број донаторски акции не само во Македонија, туку таму каде што е најпотребно, а во Малешевијата е белег на хуманоста која заедно со компанијата Зегин, создаваат благородни дела, почитувани и поздравувани од сите луѓе.

Во продолжение погледнете фотогалерија и видео од настанот:

Мулти фотогалерија од настанот:

  Категории: