Фантастичната комедија на комичното кабере 2 Mothers Brothers, вчера вечер ја изнасмеја беровската публика во преполната сала во Бизнис инкубаторот во Берово.
Дуото во кое спаѓаат актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодоровски на комичен начин со сопствени авторски песни и критики ги претставија секојдневните случувња и настани во државата исмејувајки ги сите оние кои сакаат да го забранат слободниот говор.
Целта на сатиричното кабаре како што велат актерите е да се направи животот малку посмешен. Иако кабарето исто така е медиум контаминацијата од дневно политичката сцена и инволвираноста на личностите како и вестите на другите медиуми се главната причина за критичко исмејување кое е приутно во комедијата на сатиричниот тандем.
На Беровчани кај кои се гледаше дека смеата и комичните моменти им недостасуваат, не пропуштија своите задоволства да ги искажат со повекекратен аплауз, па да се надеваме дека и во иднина почесто ке се повторуваат ваквите настани.
Настанот беше организиран од страна на Општина Берово во соработка со домот на културата Димитар Беровски.