Кејот на река Брегалница, во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што Беровчани, од најмал до најстар, бележат голем број спомени.
Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите, долж две реки”, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугарија, рече градоначалникот Звонко Пекевски, додека проектот кој е вреден околу 200.000 евра е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Во поектот се предвидени изградба на пешачка патека, заштитна ограда покрај река Брегалница, санација на кејските ѕидови и осветлување, на потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.
Граѓаните задоволни од реализацијата на истоимениот проект велат дека ваквите проекти треба да продолжат и во иднина.
Беровчани исто така ќе добијат и нова пешачка патека која е во завршна фаза, како дополнување на веќе постоечката патека на кеј на река Брегалница.
Овој проект, кој општината ќе ја чини вкупно 450.229,00 денари, дава голем придонес во целокупниот изглед и надополнување на двата проекти, едниот реализиран преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и вториот во реализација, преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија Македонија.
Дека урбаното уредување е еден од основните приоритети на Општина Берово, се потврдува со изгледот на кејот на река Брегалница, кој, полека но сигурно станува се попријатно место за одмор, рекреација и уживање, како и пријатно место за прошетка како преку ден, така и во вечерните часови.