Минихидроцентралите изградени по течението на Брегалница во Малешевијата, најавата за отворање рудници за јаглен и бакар го отворија прашањето за граѓанското учество во носењето на одлуките кои ги ставаат на вага -здравата животна средина или економските бенефити. Ова е предмет на анализата во проектот „Граѓаните-креатори на локалните политики за животната средина“.
Во рамките на проектот „Граѓаните-креатори на локалните политики за животната средина“ што го изработи НВО „Амброзија“ од Пехчево во, а во рамките на „Меидиа платформа за застапување“ на Граѓанската асоцијација „Мост“, беше изработена и анкета за информираност на граѓаните за можностите за јавно учество со која беаопфатени 100 испитаници од градот Пехчево и 5 населени места во општината. Податоците кои се добија се фрапантни и зборуваат дека 73% од испитаниците никогаш не учествувале во донесување одлуки на локално ниво.