ИНТЕРВЈУ: МАКЕДОНСКИОТ АКТУЕЛЕН ШАМПИОН ВО БОДИБИЛДИГ ВАСКО МАМУЧЕВСКИ, ВО НЕДЕЛА СО НОВ ПРЕДИЗВИК ОД СВЕТСКО НИВО.

ИНТЕРВЈУ: МАКЕДОНСКИОТ АКТУЕЛЕН ШАМПИОН ВО БОДИБИЛДИГ ВАСКО МАМУЧЕВСКИ, ВО НЕДЕЛА СО НОВ ПРЕДИЗВИК ОД СВЕТСКО НИВО.
октомври 12 00:01 2018

Докажаното и препознатливо име во светот на бодибилдингот, промотерот на здравиот и спортскиот начин на живот, нашиот Беровчанец, Васко Мамучевски, деновиве се закити со титулата шампион на Македонија. Ова е голем успех за нашиот херој, кој на одржанато првенство Атлета 2018 го освои првото место и златниот медал до 90 килограми.Зад неговото име и животното искуство, стојат само признанија и слика на една реална индивидуа, која интензивно работи на популаризација на бодибилдингот како во Берово така и насекаде низ државата и пошироко.Како актуелен шампион на Македонија, успеа својот сон да го претвори во реалност.Деновиве пред него е уште еден предизвик кој е од големо значање за него, а тоа е Интернационалното натпреварување во бодибилдиг кое ќе се одржи на 14 Октомври за прв пат во Македонија.

Во пролдолжение прочитајте го интервјуто со Васко Мамучевски кој за редакцијата на Малеш Нет, ја открива својата посветеност и реалност кон бодибилдингот и што за него прествавува овој вид спорт .

 

Најпрво честитки за наградата,пред неколку дена го освои државното првенство Атлета на Македонија 2018.Што значи за тебе ова?

  • Во саботата на 4 Октомври во салата Расадник во Скопје се одржа државно првенство во бодибилдинг Атлета на Македонија 2018, каде јас го освоив првото место во категорија до 90 килограми. На натперварувањето учествуваа над 80 натпреварувачи.За мене овој успех е од големо значање и претставува една од моите низа на победи како и потврда за тоа дека секој труд се исплаќа.

Бодибилдингот  за тебе е пропратна занимација или начин на живот?

  • Јас тренирам веќе 20 години, со оглед на тоа бодибилдингот за мене не само што е начин на живот, туку и пропратен елемент во животот без што јас не би можел да живеам.

Кога и зошто се одлучи за бодибилдинг и на кој начин тој влијае на твојот живот?

  • За прв пат почнав да тренирам на 16 години, тоа беше една љубов кон овој спорт уште од раните детски години и може ќе звучи малку нереално ама уште од најмала возраст знаев во срцето што сакам да постигнам и кон што треба да се стремам.Овој спорт не само што влијаеше со години на мојот живот, туку и ми помогна да се изградам како личност.

 

Која од досегашните твои награди најмногу ти значи и зошто?

  • Немам некоја награда со посебно значење, бидејќи сите здобиени награди ми се закитени со злато односно сите ми се први места, така да секоја ми е посебно драга.

Која е твојата формула за успех по која се водиш?

  • Видете вака, не постои посебна формула или некое посебно апче,или нешто друго што коже да те направи да бидеш успешен или шампионтреба само цврста волја, карактер се разбира поќртвуваност и пред се желба.

 

На 14 Октомври за прв пат се одржува Интернационално натпреварување во бодибилдинг.Кои се твоите очекувања и нешто повеќе околу натпреварувањето?

  • Да за прв пат во Македонија следната недела на 16 Октомври во Скопје во спортската сала Јане Сандански, се одржува интернационалното првенство во бодибилдинг, каде што ќе има натпреварувачи од цел свет.Секако ќе учествувам и тоа за мене значи многу.Јас ќе дадам се од себе да постигнам што повисок пласман, но без разлика на се, тоа за мене ќе биде едно ново искуство и се разбира една дополнителна мотивација да продолжам понатаму.

Колку време е потребно да се спрема еден професионалец како тебе за натпреварување?

  • Поголемиот дел од припремите ги поминав во сопствената теретана PRIDE, Јас овие припреми ги започнав од Март оваа година, навистина ако сакаш да постигнеш нешто треба упорност и тешка работа.Веке два месеца се хранам само по 3 килограми варена риба, со одредена количина на варен ориз и секој ден два месеца по 3 тренинзи на ден.Значи подготовките за едно вакво првенство бара многу.Меѓутоа морам да кажам дека целовремено со години наназад исто така активно и секојдневно тренирам, пазам на исхрана и водам еден војнички режим на живот.А сета таа упорност и верба во себе секогаш резултира со успех.

 

Што ќе им препорачаш на  младите кои сакаат да се занимаваат со бодибилдиг.Има ли некоја тајна формула?

  • Значи и на младите и на старите прво ќе им кажам дека со овој спорт никогаш не е предоцна да се започне….хахахахх….тајна формула на младите.Не постои никаква тајна формула и не постојат протеини или суплементи што можат да ви донесат реултати.Потребно е посветеност, истрајност, пожртвуваност и пред се љубов према овој спорт.Спремен сум да го пренесам моето искуство и знаење на секој кој е заинтересиран.

 

Која се твоите идни планови?

  • По завршувањето на Diamond купот кој што ќе се одржи во недела, ќе направам кратка пауза од тренинзи за да може телото да ми се најпрво рехабилитира и потоа започнувам со разгледување на идни натпревари надвор од Македонија, односно 2019 година продолжувам во нови походи и предизвици.

Кој е Васко во приватниот живот?

  • Васко во приватниот живот е човек кој има свои принципи, одреден начин на сваќања на некои работи и пред се лик кој сака многу да гледа филмови и јаде сончоглед…….хахахаха

Нешто за крај……

  • Сакам да им се заблагодарам на сите од мојот град Берово и пошироко, кои финансиски ме подржаа околу припремите што многу ми значи и се заблагодарувам на The Strongest Shop мојот спонзор од Скопје, како и бодибилдинг клубот АТЕЛЕТА од Скопје со мојот тренер Милан Глигоровски.Исто така изразувам задоволство од големиот број подржувачи кои неуморно ми даваат морална подржка, посебно на моите Малешевци и секако ветувам дека секогаш ќе го оправдам тоа што го прават за мене.
  Категории: