ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕРОВО,ВО ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ.

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕРОВО,ВО ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ.
јули 30 01:49 2021

Актуелниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, влегува во трка за втор мандат на престојните локални избори, кои ќе се одржат во Октомври годинава.

Вака било одлучено вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, каде освен кандидатурата на Пекевски, дефинирани се уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници.

1.       Ѕвонко Пекевски – Берово

2.       Борис Георгиевски – Гази Баба

3.       Јасмина Гулевска – Могила

4.       Тони Делков – Неготино

5.       Даниел Крстевски – Ранковце

Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.

 – Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина. Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати. СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори. СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од  граѓаните. – се вели во соопштението од СДСМ.

  Категории: