ЗА ПРВ ПАТ ВО ДРЖАВАТА, ДЕНЕС ВО ДЕЛЧЕВСКОТО СЕЛО ТРАБОТИВИШТЕ, ЌЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ЗЕЛКИЈАДА”

ЗА ПРВ ПАТ ВО ДРЖАВАТА, ДЕНЕС ВО ДЕЛЧЕВСКОТО СЕЛО ТРАБОТИВИШТЕ, ЌЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ЗЕЛКИЈАДА”
ноември 14 11:20 2021

Во делчевското село Тработивиште за денес е закажана манифестацијата ,,Зелкијада 2021″,  прв настан од ваков вид на кој како што информираат организаторите акцент ќе биде ставен на подготовката на јадења од зелка и храната која може да се приготви од домашна зелка. 

-Село Тработивиште е село кое е познато токму по овој градинарски производ кој го има во изобилство и кој често е присутен на пазарите како во Источна Македонија, така и пошироко. Поради тоа решивме за прв пат да организираме ваков настан во нашето село заради што упатуваме покана до сите посетители и заинтересирани да присуствуваа на настанот, истакнаа организаторите. 

Во рамки на Зелкијадата, како што додадоа предвидено е подготовка на подварок, сарма свадбарска зелка и многу други специјалитети препознатливи за село Тработивиште и Пијанец.

-Настанот има за цел да им се посвети внимание на производителите на зелка и оние кои сакаат да дознаат повеќе за новите сорти, технологија на производство, преработка и маркетинг на зелка и производи од зелка, додадоа организаторите.

Во програмата на Фестивалот на зелката ќе биде вклучена и изложби на земјоделски производи, како и културно-уметничка програма со настап на локални изведувачи и групи.

  Категории: