ЗА НЕКОЛКУ ГОДИНИ НА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА И ОСТАНАТ ЛЕКАРИ НИ ЗА ЛЕК.

јуни 12 10:00 2018

За неколку години на Македонија нема да и останат лекари ни за лек. Млади, но и средовечни лекари и друг медицински персонал, масовно ја напуште државата.

Само во Штип, за кратко време од вкупно петмина лекари во Брзата помош, четворица ја напуштија државата. Исто е во сите здравствени институции:

  • Наследивме тотална негрижа за здравството, партизрани институции и незадоволни вработени, кажа Венко Филипче, министер за здравство.

Иселувањето на здравствените работници е еден од најголемите предизвици на Министерството за здравсто. Како да се сопре иселувањето на медицинскиот кадар:

  • За првпат се обезбедени средства за приватните специјализанти, во висина од просечна плата на лекар. Веќе почна исплатата на околу 200 специјализанти, а дополнително ќе бидат исплатени уште 92-ца. Од септември средства ќе добиваат уште 40 специјализанти на стоматологија, дополни министерот Филипче.

Младите лекари се жалат на ниските плати, лошите услови за работа, но и партиските вработувања. Сево ова тие денес лично им го кажаа на министерот и на премиерот од кои очекуваат конкретни мерки за решение на овие проблеми.

Добија ветување за покачување на платата до 1.000 евра до 2020 година, но и потсетување дека се работи на набавка на нова опрема, како и на реконструкција и изградба на нови болнички згради.

Колку ова ќе помогне за лекарите и медицинските сестри да се задржат во државата е прашање, зашто добар дел од нив веќе се во процедура за заминување.

 

 

Извор: Тв Стар

  Категории: