Во Берово денеска е отворена првата трка од државниот шампионат во Ендуро 2018 година за која постојат интенции да помине на Европски па дури и Светски ранг.
Моторциклистите ги поздрави и ја отвори трката Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски а организатори на трката се Јани Колиглиатнс од Грција, Моторциклистичка Федерација на Македонија и Мото клуб Мото-Велес во соработка со Општина Берово.
Стартот на трката беше од плоштадот Димитар Беровски а возачите на мотори стартуваа на 30 секунди по двајца и продолжија по ул. Маршал Тито низ градот , се до завршетокот на улица Енгелсова каде ја започнаа својата Ендуро авантура низ најубавите предели за ваква намена.
Ке се натпреваруваат во два натпреварувачки денови а ќе има и ќе има и Опен Хоби трка за младите ентузијасти во Ендуро.
Карактеристично е тоа што оваа година за првпат на еден ваков шампионат имаме учесник и од Берово.На учесниците им посакуваме голем успех и се надеваме дека ќе ги остварат своите амбиции за натпреварување на повисок ранг.