Центар за едукација и развој на детската имагинација Miny City, во кој децата одблизу ќе се запознаваат со професиите на возрасните, е отворен вчера во Штип. Проектот опфаќа дидактички игри формирани во различни работилници во кои најмалите со реални алатки влегуваат во улога на професионалци и го доживуваат реалниот свет.
Mini City е составен од повеќе од 20 различни куќички кои автентично, но во мини варијанта прикажуваат разновидни професии, како фармацевти, стоматолози, касиери, радиоводители, автомеханичари, лекари.
– Компанијата „Зегин“ со големо задоволство и желба да ја доближи фармацевтската индустрија до најмладата популација се вклучи во проектот наречен Mini City, каде во својата куќичка ќе ги едуцира дечињата како визуелно и практично функционира оваа дејност. Со својата богата програма на детски производи почнувајќи од козметика, производи за имунолошка поддршка, витамини и минерали, како и делот за здрава храна, децата ќе научат како да останат здрави – наведуваат од компанијата.
Не помалку важна е и идејата да се побуди детскиот интерес со што во нивниот подоцнежен професионален развој би се пронашле себеси како дел од фармацевтската професија, која е неизбежен дел од секојдневното модерно живеење.