Над 7000 проекти во изминатите 4 години се реализирани во општините, а во Берово е елиминиран долгот на Општината од 80 милиони денари. Ваквата поддршка за општините како што најави претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашнава граѓанска трибина во Берово ќе продолжи и во наредниот период.
-Колку се работеше во општините во овие 4 години може да се мери со претходните мандати затоа што ги вративме долговите. Се реализираа 7000 проекти на локално ниво во целата држава, заради што видливи се реализираните проекти и во градот и во селата во Берово. Во Берово 80 милиони беше долгот, а денес Берово како општина е спремна да поддржи се што е неопходно за развој, а притоа се релализирани голем број проекти. Реконструран е рефионалнип пат до Стеумица, 70 проценти до Клепало. Го реоонструиравме училиштето ,,Дедо Иљо Малешевски” и затоа тоа што е подобро од порано, сега заслужува да биде најдобро, рече Заев.
Овој беровски крај додаде претседателот на СДСМ е еден од најголемите туристички потенцијали и затоа како што додаде во периодот кој следува уште повеќе ќе се развива.
-Од 1 јануари ќе се децентрализираат општините, ДДВ-то ќе стане 6 проценти и во такви околности значењето на општините станува уште повеќе важно и затоа треба сите да ставиме ,,прст на глава” на кој ќе ја оставиме општината. Конкретно во Берово правевме анкети, Пекевски води со 15 проценти против својата противкандидатка и затоа треба сите да разговараме со граѓаните и да им појасниме зошто треба да одиме напред, а да не се враќаме назад, додаде Заев.
Целта како што додаде претседателот на СДСМ и актуелен премиер е да се создаде подобар економски стандард за младите да се задржат во родните огништа, а не да заминуваат во Скопје и надвор од државата.
-Од тоа зависи дали сакаме да ги гледаме нашите деца на вибер или да се тука за нас. Патот е тука, зависи дали ќе продолжиме по таквиот пат. И овие избори се одлука за тоа. Од одлуката на овие избори зависи дали ќе го вратиме режимот кога немаше слобода и демократија, додаде Заев.
На 17 октомври да ја осигураме иднината на Берово и да гласаме за Звонко Пекевски со број 12, гласајќи за Најдоброто за Берово, порача на крај од говорот пред беровчани, претседателот на СДСМ.