Со многу насмевки, веселост, разиграност и шаренило, денеска, децата од групите пред поаѓање на училиште, во дворот на детската градинката ,,23 Август” , низ една прекрасна дружба, кажаа збогум градинке.
На завршната приредба, имавме можност да ги видиме дечињата среќни и разиграни како рецитираат, пеат, играат и се забавуваат, на еден прекрасен детски начин и воедно се поздравуваат со еден од најубавите периоди во детскиот свет.
Дечињата ги поздрави Директорката на детската градинка, Невенка Таковска, посакувајќи им среќа и успех во натамошното учење и изразувајќи верба, дека како што биле умни во градинка, исто така ќе бидат успешни и во училишните клупи.
Подготвени во септември да седнат во училишните клупи и да бидат првачиња, пред преполниот двор родители, баби, дедовци, другарчиња, децата се пофалија со она што го научиле од тимот на воспитувачи во беровската градинка.
Во продолжение погледнете фотогалерија и видео од денешниот завршен настан на дечињата во беровската градинка.