ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет, усвои нови кандидати за градоначалници за престојните локални избори.
Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Берово е Елеонора Рашковска која потекнува од старо беровско занаетчиско семејство. Сопруга и мајка на ќерка и син. Магистрира на Факултетот за Труд и Социјална политика.Работи како раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Берово. Жена со голема енергија и љубов за промени во Берово.
Кандидат за градоначалник на Општина Пехчево е Александар Китански.
Тој е дипломиран доктор по ветеринарна медицина и работи како доктор по ветеринарна медицина од 2011 до денес. Исклучителен карактер кому најважен му е развојот на Пехчево и создавањето на перспектива на граѓаните на Пехчево.
Главната карактеристика е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините, истакна на денешната прес конференција,потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.