ЕКИПИТЕ НА „УГОСТИТЕЛИ И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ“ И „АРМ ГАРНИЗОН ШТИП“ ЌЕ ИГРААТ ВО ФИНАЛЕТО НА РСИ

ЕКИПИТЕ НА „УГОСТИТЕЛИ И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ“ И „АРМ ГАРНИЗОН ШТИП“ ЌЕ ИГРААТ ВО ФИНАЛЕТО НА РСИ
март 25 13:59 2022

„Угостители и Обложувалници“ и „АРМ Гарнизон Штип“ се двете екипи кои вчера вечер во салата „Македонски Бранители“ во Берово се пласираа во финалето во мал фудбал на Работничките спортски игри.Најпрвин на првиот дуел во 18 часот, со интересна и цврста битка, со резултат 3:1 екипата на „Угостители и Обложувалници“ со пресврт во второто полувреме го совлада тимот на Граничната полиција.

Вториот полуфинален натпревар кој донесе големи возбудувања, се играше помеѓу екипите на Општина Берово и АРМ Гарнизон Штип.Целиот натпревар беше неизвесен, со огромен ентузијазам за победа меѓу играчите од двете екипи, по што со водство од 1:0 поведоа екипата на АРМ Гарнизон Штип.Сепак упорноста на екипата на Општина Берово, со одличен гол за израмнување на резултатот ја круниса Нешкевски, кој одлично се снајде и го совлада голманот на противничката екипа.Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, па гледачите кои и овој пат беа во огромен број, имаа можност да проследат шутирање на пенали, каде поголем ефек и пласман во финалето изборија екипата на АРМ Гарнизон Штип.

Како што информираат организаторите, во понеделник се играат два натпревари за финиш на Работничките спорски игри во Берово.Со почеток од 18 часот ќе се одигра натпреварот за трето место помеѓу екипите на Општина Берово и Гранична полиција, додека од 18.45 следува финалето помеѓу екипите на АРМ Гарнизон Штип и Угостители и Онложувалници.

  Категории: