ЕКИПАТА НА ОБРАЗОВАНИЕ Е ШАМПИОНОТ НА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО БЕРОВО

ЕКИПАТА НА ОБРАЗОВАНИЕ Е ШАМПИОНОТ НА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО БЕРОВО
март 20 23:56 2023

Возбудлива спортска ноќ на последниот ден од Работничките спортски игри во мал фудбал, кои под организација на Општина Берово се играа скоро цел месец. Вечерва во големото финале во преполната сала „Македонски бранители“ во Берово, шампионското место им припадна на екипата на Образование, кои во еден интересен натпревар со 4:1 ја совладаа екипата на АРМ. Квалитетот и одличните шанси за голови уште еднаш се покажаа на теренот, кои публиката ги поздрави со овации.

Претходно пак за третото место, играа екипите на Труд и социјала и Суд против тимот на Фагус. Натпреварот беше цврст и изедначен, па на крајот по изведувањето пенали, поуспешни беа фудбалерите на Труд и социјала и Суд, кои го освоија третото место.

Во преполната сала се бараше место повеќе, што укажува на тоа дека Беровчани уживаат во вакви спортски настани и културни случувања, кои се неопходни да се случуваат се почесто во градот.

На крајот од страна на градоначалникот Звонко Пекевски, беа доделени, пехари за најуспешните екипи, благодарници и други награди за најдобри поеднинци на Работничките спортски игри.

Во продолжение еве ги и наградите кои беа доделени:

Пехари:

1 место – Образование

2 место – АРМ

3 место – Труд и социјала и Суд

За најдобар играч беше избран Ерол Пилов, најдобар голман е Милан Биковски, а за најдобар стрелец на турнирот е прогласен Александар Мишовски.Тодорчо Кацарски пак прими награда за најстар играч на игрите со 65 години, додека благодарница за придонес во организацијата на салата доби и Роберт Печински.

Исто така сите екипи учесници на спорските игри добија благодарници, а на порталот Малеш Нет му беше доделена благодарница за медиумска покриеност.

Компанијата “Зегин” пак на двете екипи финалисти на Спортските работнички игри, организира следење на еден од натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.

Со ова ги заокружуваме овогодинешните традиционални Работнички спортдки игри и на екипата на Образование им го честитаме првото место.