ЕДНАШ ПОВИК ЗА ОСТАНУВАЊЕ ДОМА, А ПОТОА ПОЗДРАВ ОД БЕРОВСКО ЕЗЕРО – КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ?!

ЕДНАШ ПОВИК ЗА ОСТАНУВАЊЕ ДОМА, А ПОТОА ПОЗДРАВ ОД БЕРОВСКО ЕЗЕРО – КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ?!
јуни 06 15:20 2020

Генералниот секретар на СДСМ ја збуни јавноста, откако на 4 јуни ги повика да останат дома, но веднаш потоа тој замина на викенд, во Берово, каде што не важи тридневниот полициски час.

Некои граѓани сметаат дека ова е малку непрмерен гест, од една страна да се повикуваат граѓаните да бидат трпеливи во карантинот, додека тој избега однего, и не остана дома како што порачуваше до поширокото граѓанство.

Еве што напиша Николовски на 4 јуни во 14.07 часот.

„Вирусот КОВИД-19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана. На тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата.

Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, порача Николовски.Затоа, пак, вчера околу 11 часот, од својот приватен профил пушти слика со една желка, на Беровското езеро. Таму стои следниов пост и оваа слика. 

„Совет од другарка ми – Оди напред. Полека, но сигурно! 
Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро!“, пишува генералниот секретар на најголемата владејачка партија.

Во СДСМ неколку лица се позитивни на коронавирус, а голем број во самоизолација. Партијата Левица до Државната изборна комисија поднесе дури и претставка за предвремено започнување на кампања.

Извор:Транспарент.мк

  Категории: