Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Галф Оил“ (Gulf Oil) донира еден милион денари на семејството на трагично починатата Верица Белчовска, кое ги донираше органите, со што нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, возраст од 22, 27 и 40 години.
– Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари“,велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.
(360 stepeni)