Европската банка за обнова и развој сака да инвестира во изгрaдба на секундарната мрежа за гасификација во Македонија. На ова тема претставници од Банката веќе разговарале со македонскиот министер за финансии, Драган Тевдовски:
Ова е еден од двата проекта за кои ЕБОР покажала интерес за инвестиција:
Инаку, секундарната и терцијалната гасоводна мрежа, подразбира изградба на гасоводен систем до институциите, компаниите и домаќинствата во три засебни региони – скопскиот, источниот и западниот.
Магистралната гасоводна делница Штип – Клечовце е готова, а се градат уште три, Штип – Неготино, Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Во план е изградба на ушт е 13 делници како и осум краци за поврзување на економските зони.
Гасификацијата на Македонија се проценува на околу половина милијарда евра. Според проценките до 2020-та треба бидат реализирани 70 проценти од инвестицијата.
ИЗВОР: Тв Стар