Државата нема механизми за заштита на семејното насилство. Жртвите траат и трпат или ги повлекуваат поднесените пријави, зашто немаат доволно доверба во системот. Ова е заклучок на Националната мрежа против насилство врз жените, жртви на семејно насилство.
Како потврда, тие ја потенцираа состојбата со недостиг на т.н. шелтер центри. Кај нас ги има одвај четири, додека светските стандарди се по еден центар на 10.000 жители. Во исто време, згрижувањето на жртвите кај нас е одвај шест месеци, период по кои тие не добиваат ништо:
Токму и поради ова, жртвите или молчат или бегата и од нсасилникот и од државата:
Само во изминатите две недели, во СВР Штип има поднесено три пријави за семејно насилство. Една во Штип и две во Виница. Во сите три случаи жртви се сопруги, а насилници мажите. Во Штип, жената е прободена со нож во ногата, а во еден од виничките случаи таа безмислосно е тепана со ѓезве.
Последен пат ќотек по дома, 38-годишна штипјанка приваи вчера, откако сопругот ја претепал со гуменои црево, по што таа се обидела да стави крај на својот живот.
Напорите на лекарите ја спасиле, но таа ќе остане на лекување поради нанесените повреди. Сепак, прашање е дали таа и другите жртвите ќе поднесат и официјални тужби.
Најчести жртви се сопругите, а веднаш по нив и родителите.
ИЗВОР: Тв Стар