Државата ќе им дава идентитет на лицата фантоми, односно на лица кои не се пријавени во системот и живеат без каков и да е личен документ.
Досега , во 8 македонски градови беа пронајдени 5.116 лица без инедтитет, односно без каков и да е личен документ, на дополнителни 5.202 дел од документите што недостигале , а за 3.426 е покрената процедура. Од нив околу 1.000 се во општините од источниот дел на државата.
За тие да не останат надвор од системот, наскоро ќе се објави повик тие сами да се пријават во управата за матична евиденција:
Паралелно со ова, ќе се работи и на промена на законската регулатива:
Најмалку еднаш месечно, во регионот се раѓа бебе во домашни услови, за кое државата нема никакава евиденција. Најчесто, тоа се случува во екстремно сиромашните ромски семејства, а неретко, надвор од матичната евиденција се и родителите на новороденчето.