ДОНАЦИЈА ВО МАЛИОТ ГРУПЕН ДОМ ВО БЕРОВО ОД НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА.

ДОНАЦИЈА ВО МАЛИОТ ГРУПЕН ДОМ ВО БЕРОВО ОД НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА.
јануари 08 20:06 2021

По иницијатива на Независниот Синдикат на Полицијата подружница Берово, денес во Малиот групен дом за деца без родители, беше донирана помош со цел на штитениците да им се дпринесе за подостоинствен престој во домот. Како што истакнаа од Независниот полициски синдикат, оваа донација е во соработка со бизнис заедницата од градот, кои несебично се ангажираа да помогнат и уште еднаш да ја покажат хуманоста на дело.

  • Оваа донација е постигната по иницијатива и ангажман на Независниот Синдикат на Полицијата – Синдикална подружница Берово во соработка со бизнис заедницата од Берово. Со ова сакаме на штитениците на “Мал групен дом за деца без родителска грижа” да им ги разубавиме овие празнични денови и да допринесеме за нивен подостоинствен престој во домот. Голема благодарност до бизнис заедницата од Берово, “Дива компани”, Свињарска фарма “Жито Малеш”, “М Младост”,” Шлифка петрол”,” МРС”,” Малеш бреза”, “Поло текс”. Ова нема да биде последен ангажман на Синдикатот, а се надевам и на бизнис заедницата – вели Игор Мирчовски претседател на Независниот Синдикат на Полицијата – Синдикална подружница Берово.
  Категории: