Група дечиња од детската градинка ,,23 Август”, заедно со своите воспитувачки и директорката, денеска во пресрет на новогодишните празнизници, ја посетија локалната самоуправа во Берово, каде упатија честитки за годината што доаѓа,
На средба со градоначалникот Звонко Пекевски, дечињата посакаа Среќни празници и многу убавини со искрени желби и честитки во Новата година. Испеаа неколку песнички за Новата година и секое дете на свој начин кажуваше како ја доживува Новата година.
-Многу здравје, среќа и убави моменти во Новата година, слушајте ги родителите, почитувајте се меѓусебно и среќно и весело поминете ги, не само празничните туку сите денови во годината и да ви се исполнат сите желби – им порача градоначалникот Пекевски на дечињата.