“Аурора ресорт и спа“, најпосакуваната планинска туристичка дестинација на Балканот, викендов ја одбележа десетгодишнината од постоењето и неверојатно успешниот развој. Прославата беше скромна, во најтесен круг на вработените, на луѓето кои дадо силен печат на она што денес е Аурора-Планински туристички бренд број еден во Југоисточна европа.
Аурора е супертрактивен луксузен ресорт, добитник е на голем број врвни европски и светски награди и признанија за тоа што го работи. Тоа е резултат на посветеноста на сопствениците, семејството Сирачевски, да ја продолжат и со секој нов ден да ја надоградуват успешната приказна зацртана пред една деценија.
Под мотото ” Третирајте ги добро вашите вработени, тие ќе ги третираат добро вашите гости” , “Аурора Ресорт и Спа” ги честеше одмор со 5 ѕвездички дел од своите вработени односно патување во една од најпосакуваните туристички дестинации во денешно време – Хургада, Египет. Друг дел од вработените добија Благодарници од хотелот и други атрактивни награди и признанија.
И во време на ковид кризата кога условите за работа посебно во туристичкиот сектор беа најлоши, „Аурора ресорт и спа“ не отпушпти ниту еден работник.
“Аурора Ресорт и Спа” со околу 45 вработени е една од првите пет компании во Берово по големина според број на работни места. Хотелот е и еден од ретките што добро ја изменаџира кризата предизвикана од состојбата со COVID-19 и не отпушти ниту еден работник од својата фирма.
“Аурора Ресорт и Спа” е горд да сподели што покрај постојачкиот ресорт, туристичката агенција “Аурора Турс” во Скопје, како и скоро отворениот луксузен ресторан “Аурора Козјак”, во најава и придружба на ланецот “Аурора” е уште еден уникатен сместувачки објект на локација КОЗЈАК, чии детали ќе бидат изненадување во периодот што претстои.
Ресортот се пофали дека е комплетно спремен за сезоната што следи а на туристите им нуди освежени и збогатени содржини за идни незаборавни доживувања.
“Аурора Ресорт и Спа” е вистински бисер за Малешевијата и Берово. Рај за очи, мир за душа. Тие што биле тоа најдобро го знаат.