ДЕНЕС Е 8 АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

ДЕНЕС Е 8 АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
април 08 12:04 2022

На денешен ден се одбележува светскиот на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот. 

Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграциите на Ромите.

По повод 8 ми Април светскиот ден на Ромите, во Берово претходно беше организирана панел дискусија и свечена церемонија каде беа присутни претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, како и претставници од општина Берово, а со видео врска свои обраќања имаа Министерката за труд и социјална политика и градоначалниците на Делчево, Прилеп и Битола. Исто така од страна на градоначалникот Пекевски беше поставено ромското знаме во општинската зграда.

Со пораки за мир, љубов и среќа Беровските Роми испратија честитки до сите Роми во светот кои го слават најважениот ден во нивната историја.

Сепак сеуште Беровските роми како и другите роми во светот, го бараат своето место под сонцето. Долгогодишните социјални и економски проблеми кои се најприсутни кај Ромското население во Берово, на кои во последно време се работи, како и најгорливиот проблем вработувањето, сеуште се ставаат во последен план велат граѓаните Роми.

На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година се одбележува во целиот свет.

  Категории: