ДЕМАНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ВО ВРСКА СО ДЕНЕШНОТО СООПШТЕНИЕ НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО

ДЕМАНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ВО ВРСКА СО ДЕНЕШНОТО СООПШТЕНИЕ НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО
декември 21 21:15 2022

-Денес локалниот огранок на машината за лажни вести, блокади, физичко насилство и рушење на демократијата, позната под името ВМРО-ДПМНЕ немајќи што да изблокира или кого физички да нападне во Берово, ја вклучува машината за лажни вести и ме обвиниле како градоначалник дека од контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врбески се давани пари за мојата кампања во 2021 година.

Со извинување до нормалните граѓани, ВМРО НЕ Е НОРМАЛНА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА, НЕ СЕ НОРМАЛНИ и и ТОА Е ТОА. Најголем дел од граѓаните го знаат тоа, оние кои ве романтизираат секако ќе имаат можност некогаш да го видат, нели долга беше раката на Организацијата. За какви пари за кампањи, какви фондови, какви средби прашуваат од организацијата за лажни вести? Сериозна политичка партија во соопштение до јавноста не прашува, туку изнесува докази (ако ги има). Значи, вие или немате докази или не сте сериозни, и потоа се мислите зошто не можете да добиете на избори. Соберете се 100 војводи и надвојводи, секако во присуство на надлежни институции и повелете да ви објаснам како најуспешен градоначалник на Берово, со втор мандат како се финансира кампања, како се води Општина, како се работи за интересите на граѓаните. А вие ќе презентирате како се креираат и создаваат лажни вести, лажен патриотизам, опасен популизам и неодговорност за ништо.

Конкретно за случајот, Милен Врбевски како богат бизнисмен по остварени прекугранични соработки со градоначалници од Бугарија и неколку наши општини, во 2019 имаше донации во тие општини и преку соработка со Европската Унија по неколку средношколци беа на посета во Брисел во седиштето на Европската Унија да се запознаат со европските институции, како функионира Европскиот Парламент. Милен Врбевски за Берово донираше 20 десктоп компјутери, ја опреми компјутерската училница во „Дедо Иљо Малешевски“, и тоа е тоа. Јас после тој настан во 2019 никогаш повеќе го немам видено тој човек. Вестите за посетата на средношнолците и донацијата на Врбевски се најтранпарентно објавени на сите канали на Општината. Ако знаете што е тоа транспарентност и отченост, машино за лажни вести.

https://www.facebook.com/zvonko.pekevski/posts/pfbid027HX8TRXuBgGYGqKccu8CShoWCQnDDcuwSWQVT4mmvxwdPnSRhrM2jxR8frmhymJl

https://www.facebook.com/zvonko.pekevski/posts/pfbid02KjboXeEkmqEgXojEMKtAdbqh2Gjcvph8qFzQswFarh8EJY1NxXYMbQRo8MtSYTs3l

Јас само сакам да ве прашам,

Зошто бугарски клубови со контроверзни имиња се појавија во општини со вмровски градоначалници, како се отвораат тие објаснете им на јавноста и како тоа ги отвораат се бивши активисти, во Битола дури и бивш претседател на локалната машина за лажни вести на ДПМНЕ. Ви ги ставам на располагање и сликите од тој претседател на тоа здружение со вашиот моментален надвојвода и еден од врвните ширачи на лажни вести од Организацијата, Антонио.

За тоа дали ќе има бугарски клуб во Берово не би знаел, тоа претпоставувам се договара во вашата организација. Евентуално ако некој вмровец се охрабри да го отвори, ама верувам дека после три или четири други уште похрабри веројатно би го запалиле, па ќе си пишуваат по вмровски портали колку се патриоти.

Едно ќе кажам. Престанете да ги потценувате граѓаните на Берово,почнете да мислите политики за унапредување на економијата, квалитетот на животот на граѓаните, политики за надминување на кризите кои во моментот ги имаме. Ако знаете нешто. Ако не знаете, ако само тоа го знаете, па продолжете така, креирајте лажни вести, блокирајте, делете, тепајте, силете си се сами себе. Јас ќе продолжам да работам за сите граѓани, за сите жители на Општина Берово,ќе продолжам да ја водам општината најдобро што можам, затоа што тоа граѓаните го препознаваат и го поддржуваат – стои во објавата на градоначалникот Пекевски на неговиот фејбук профил.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=624233979701795&id=100063455960429&mibextid=Nif5oz

  Категории: