ДВЕ ТРЕТИНИ ОД МЛАДИТЕ БРАЧНИ ПАРОВИ ВО РЕГИОНОТ ЗАВИСАТ ОД РОДИТЕЛИТЕ.

јуни 12 09:53 2018

Две третини од младите брачни парови во регионот зависат од родителите. Без нивна помош, тиа ќе немаат ниту храна ниту покрив над глава. Овие поразителни податоци на виделина ги изнесоа истражувањата на невладинииот сектор, а граѓаните ги потврдија во пракса:

  • И ќерка ми и зет ми останаа без работа, ако не сме ние нема кој да гио храни внукот. Зедоа кредит за стан сега ние со сваќата го враќаме, како нема да зависат од родителите. на времето ние кога стапувавме во брак имавме и работа и можевме да бидеме самостојни, рече жителка на о. Штип.

Според родителите, ваквата состојба е резултат на бспарицата и несоодветната грижа од страна на државата, која на младите им нуди малку можности:

  • Кога немаш пари немаш ништо, не можеш да бидеш ништо, смета жител на о. Штип.

Оние кои на време застанале на свои нозе, сега товарот на семејните обврски го носат на свој грб, нпо такви се само една третина од семејствата:

  • Јас работам, имам деца и сам се грижам за нив. Помош од родителите никогаш не сум добивал, кажа помлад жител на о. Штип.

Кога во прашање е статусот на младите кои не се во брак, зависноста од родителите е уште поголема.

Дури 90 % од нив живеат во родителскиот дом.  Околу 60% немаат свои приходи, а 17% заработуваат до 15.000 денари. Само 10% од младите живеат во свој стан, а 21% во изнајмен.

Извор: Тв Стар
  Категории: