ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ РЕНОВИРА КИНО САЛАТА ВО БЕРОВО.

ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ РЕНОВИРА КИНО САЛАТА ВО БЕРОВО.
јануари 18 20:23 2021

Ветувањето на градоначалникот Звонко Пекевски за реновирање на кино салата и пренамена во Дом за Mлади, која требаше да биде готова до крајот на 2020, конечно добива позитивна слика.

Поточно денес Општина Берово информира дека во рамки на проектот ,,Градење на капацитетите кај општините за имплементација на проекти”, кој го спроведува УНДП, преку Фондот за техничка документација, од првиот повик, Општина Берово, доби проект за изработка на техничка документација, за изградба на мултифункционална сала, на локацијата на постоечката кино сала.

  • Проектната документација е финансирана од УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој, преку Министерството за финансии – Единицата за управување со проекти за подобрување на општинските услуги МСИП .Со добивањето на техничката документација, Општина Берово, станува конкурентна и спремна за идните повици, пред предпристапните фондови, со еден од најдобрите проекти, кои силно ќе го зајакнат локалниот еконмски развој и ќе допринесат во развојот на културата во Берово. Проектната документација за изградба на мултифункционална сала, ги содржи сите фази и компонентни, потребни за целосна финализација на една современа градба. Да се надеваме дека во најскоро време, ќе ве израдуваме со најава на почеток на инвестиција, вредна околу 92 милиони денари и младите ќе добијат место, каде квалитетно би го исполниле своето време, место за дружење и развој на нивните креативни способности – стои во соопштението на Оштина Берово.

Инаку кино салата во Берово, која буди прекрасни спомени на многу генерации Беровчани, со доаѓањето на функција, актуелниот градоначалник Пекевски во својата програма го вети нејзиното реновирање и ставање во функција до крајот на 2020 година.Но од тоа ништо не се случи, па се надеваме дека ова нема да биде повторно предизборно ветување и со оваа инвестиција конечно Берово после долги години ќе добие модерна и функционална кино сала.

Програма на актуелниот градоначалник Пекевски, каде е предвидена изградба на Дом за Mлади до крајот на 2020 година.

Порталот Малеш Нет, многупати го актуелизира прашањето за кино салата во Берово, со цел да се посочат потребите на граѓаните и да се анимираат Оштинските власти за поголема ангажираност околу решавање на истите. Пред половина месец нашата редакција упати прашање до градоначалникот Пекевски, на кое беше одговорено следното:

Изјава на градоначалникот Пекевски за упатеното прашање за кино салата (29.12.2020)

Сепак упатуваме благодарност до градоначалникот Пекевски за ургентноста и ангажирањето за сугестиите од наша страна не само за решавање на овој проблем, туку и за сите други кои досега ги изнесуваме и претставуваме.

Еве неколку фотографии од моменталната состојба на кино салата во Берово.

Редакцијата на Малеш Нет ќе го мониторира реализирањето на овој проект кој е од големо значење за градот и навремено ќе ги информира граѓаните за сите случувања.

  Категории: