Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата, за 2022 година.
Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани.Средбите ќе започнат во населените места, со следниот распоред:
09.11.2021 година
10:00 до 12:00 часот во с. Двориште12:00 до 14:00 часот во с. Ратево14:00 до 16:00 часот во с. Русиново
10.11.2021 година
10:00 до 12:00 часот во с. Митрашинци12:00 до 14:00 часот во с. Будинарци14:00 до 16:00 часот во с. Мачево
12.11.2021 година
10:00 до 12:00 часот во с. Владимирово12:00 до 14:00 часот во с. Смојмирово
Сите кои имате идеи, предлози за релизација на одредени проекти или решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа, во вашето населено место, каде што Градоначалникот и својот тим ќе направат обиколка.