Почитувани пожарникари,
Нека е честит Денот на пожарникарите, 20-ти мај, со искрени желби за унапредување на вашата работа и спречување на големи катастрофи.
Минатата година покажа дека само со многу пожртвуваност и храброст и големи заложби, големите катастрофи можат да бидат спречени.
Територијалната противпожарна единица од Берово брои вкупно 16 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево. Располага со вкупно 5 противпожарни возила и секојдневно работи на усовршување на својата работа.
Во моментот општината е во постапка да набавка на уште едно повеќенаменско возило, со што во значителни размери ќе се унапреди работата на ТППЕ во Берово.
Пожарникарите често пати се на предизвикот на ризик на сопствениот живот, во борбата да се спаси друг човечки живот, или имот и за тоа, бескрајно сме им благодарни.
На сите пожарникари, Ви посакувам многу успех во извршувањето на вашата благородна работа и се надевам дека соработката, секогаш ќе резултира со големи работни успеси, кои се во полза на граѓаните на општина Берово .
Градоначалник на Општина Берово
Звонко Пекевски