Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ги истакна проектите реализирани во првите 100 дена од неговиот втор мандат, како и започнатите и планирани проекти во иднина.
Почитувани граѓани на општина Берово ,
Изминуваат 100 дена, откако по втор пат ми ја дадовте довербата да ја водам општина Берово. Голема е честа, што повторно ја добив поддршката од сите Вас, а уште поголема одговорноста, да продолжам да работам во интерес на граѓаните, со реализација на уште многу проекти за поубаво Берово.
Мојата првична заложба, во првите 100 дена од преземањето на градоначалничката функција, беше да ги вградам моите изборни ветувања во општинските програми, а истовремено и да излезам во пресрет на барањата и потреби на граѓаните. Од тие причини, веднаш по превземењето на функцијата, направив бројни средби со граѓани, поминав по сите улици, во Берово и населените места, со цел да ги увидам потребите на граѓаните.
По истекот на стоте денови од мојот втор градоначалнички мандат, можам слободно да потврдам дека со домаќинско, чесно и транспарентно работење можеме да отвориме нови развојни перспективи во општина Берово и да продолжиме со развојот на Берово.
Во изминативе 100 дена јас како градоначалник на Општина Берово, заедно со Советот и целокупната администрација вложивме максимални напори и се посветиме на реализацијата на следните позначајни проекти:
Во насока на подобрување на јавната чистота и комуналната инфрастуктура:
Дополнително, бидејќи се наоѓавме пред крајот на годината, донесувањето на новиот Буџет на општина Берово за 2022 година, беше приоритетна активност.
Свесни за она што ни престои, како локална самоуправа, продолжуваме и понатаму со развојот и напредокот на општина Берово во сите сфери.
Затоа и во иднина, за сите Вас ќе понудиме уште многу проекти за поубаво, помодерно и почисто Берово.
Во блиска иднина ќе продолжиме со :
Сакам да потенцирам дека моите залагања на почетокот од вториот мандат, а и во иднина, беа и ќе бидат насочени кон реализација на многу проекти за подобрување на животот на жителите од општина Берово и кон обезбедување на средства за реализација на многу проекти за Берово.
Исто така, во следниот период, ќе продолжиме кон зајакнување на капацитетот и ефикасноста на општинската администрација, унапредување на квалитетот на општинските услуги кон граѓаните и создавање на поволна бизнис клима.
Со цел обезбедување брз социоекономски и еколошки развој на општина Берово, продолжуваме и во периодот што следи, ни престои уште многу работа и реализација на уште многу проекти за развој на Берово, кои ќе продолжат да траат во годините што следат.