ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УНИЦЕФ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УНИЦЕФ
септември 29 15:58 2022

Градононачалникот Пекевски, денеска оствари средба со претставници на УНИЦЕФ, кои во соработка со Министерството на образование и наука и Светска Банка, работат на проект за  надминување на кризата во наставата и учењето.

На средбата разговараа  за остварување на соработка во насока на унапредување на образовниот процес и поддршката која што УНИЦЕФ, може да ја даде на Општина Берово.

Општина Берово е една од 10-те пилот општини на кои ќе и биде пружена поддршка за прилагодување на инфраструктурниот и образовниот капацитет на мрежата на основните улилишта.

Проектот опфаќа две компоненти:

  1. Финансирање – блок дотација, и разгледување на Урадбата за распледелба на блок дотацијата за основното образвоание и
  2. Оптимизација на училишната мрежа.
  Категории: