Градоначалникот на Кочани: Пожарот е ставен под контрола, граѓаните нека бидат спокојни.

Градоначалникот на Кочани: Пожарот е ставен под контрола, граѓаните нека бидат спокојни.
август 03 00:54 2021

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев  рече дека противпожарната единица успеала да го стави пожарот под контрола.

-Две куќи се изгорени, но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје, рече градоначалникот Илијев, кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош.

Им порачана граѓаните на Кочани да бидат спокојни.

– Утре ќе правиме проценка на штетите од пожарот, но засега она што го знаеме е дека две куќи имаат изгорени кровови и општината ќе им помогне на тие семејства со општински пари.

  Категории: