ГРАДОНАЧАЛИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

ГРАДОНАЧАЛИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ
мај 02 11:26 2022

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, поповод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитки на сите муслимански верници со искрени желби за толеранција, напредок, сплотеност за спокоен и среќен живот.

Во неа се вели:

-Нека Рамазан Бајрам, по светиот месец на постот, ги потврди вистинските вредности на слога, толеранција и напредок и заеднички сплотено, да живееме спокоен и среќен живот. На сите граѓани од исламска вероисповед, упатувам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и Ви посакувам добро здравје, лична и семејна среќа, љубов, почит и меѓусебно разбирање. Убеден сум дека пораката за Рамазан Бајрам, уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме успешно да ги надминеме сите предизвици и низ соживот, заеднички ќе бидеме добар пример за идните генерации.Нека е честит Рамазан Бајрам и за многу години!

  Категории: